Archives

Златко Димитриоски

Златко Димитриоски е дипломиран политиколог и од 2009 година работи како аналитичар во Граѓанска асоцијација МОСТ. Учествувал во набљудувањето на неколку изборни процеси во Република Македонија, при што ја набљудувал работата на Државната изборна комисија и го подготвувал финалниот извештај за набљудувањето на изборите. Како краткорочен набљудувач исто така бил дел од неколку меѓународни набљудувачки мисии спроведени од страна на ЕНЕМО (Европска мрежа на организации кои набљудуваат избори) и ОБСЕ/ОДИХР. Учествува(л) во работните групи за измена на изборното законодавство и проверка на избирачкиот список при Министерството за правда и Државната изборна комисија.

Злата Голабоска

Злата Голабоска е дипломиран инженер архитект, аматер готвач во #ретвитниоброк. Тврдоглаво убеден панкер дека светот може да се спаси со голи раце.

Ана Голејшка

Ана Голејшка е дипломирана компаративка, активен создавач на книжевната сцена, аматер готвач во #ретвитниоброк, вљубеник во животот и светот, трагач по вистината за подобро утро.

Милка Ивановска Хаџиевска

Милка Ивановска Хаџиевска е истражувач на докторски студии на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија. Студирала на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, на Филозофскиот факултет – Скопје и на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Нејзини истражувачки интереси се: политики за развој на граѓанско општество, организациски практики на граѓанските организации во демократски и недемократски системи и алатките за граѓанска партиципација и демократска отчетност.

Владимир Унковски – Корица

Владимир Унковски – Корица  има предавано на Лондонската школа за економија и на Московскиот национален истражувачки универзитет – Висока школа за економија. Од септември 2015 ќе предава во областа комунистичко наследство на Универзитетот во Глазгов. Докторирал на темата „Работничко самоуправување на „југословенскиот пат кон социјализам“: пазар, мобилизација и политички конфликт 1948-1962“ на Лондонската школа за економија и политички науки.

Vladimir Unkovski – Korica

Vladimir Unkovski – Korica taught at London School of Economics and at the Moscow National Research University – Higher School of Economics. He is to assume the position of a Lecturer in Legacies of Communism at the University of Glasgow from September 2015. He completed his PhD on ‘Worker’s self-management in the “Yugoslav road to socialism”: Market, mobilisation and political conflict 1948-1962’ at the London School of Economics and Political Science.

Данијела Мајсторовиќ

Данијела Мајсторовиќ е професорка по лингвистика и културолошки студии на Универзитетот во Бања Лука. Таа е авторка и ко-авторка на Дискурс, моќ и меѓународната заедница (2007), Националниот и етничкиот идентитет помеѓу младите во Босна и Херцеговина (2013) и Дискурси на периферијата (2013).

 

Danijela Majstorović

Danijela Majstorović is a professor of linguistics and cultural studies at the University of Banja Luka. She is the author/co-author of Discourse, Power and the International Community (2007), Youth National and Ethnic Identity in Bosnia and Herzegovina (2013) and Discourses of the Periphery (2013).

Гзим Красниќи

Гзим Красниќи е постдокторски истражувачки соработник на Факултетот за словенски и источноевропски студии при Универзитетскиот колеџ во Лондон. Тој е ко-уредник на Нерамно државјанство: малцинства и мигранти во постјугословенскиот простор (2015).

 

Gezim Krasniqi

Gëzim Krasniqi is a post-doctoral research fellow at the School of Slavonic and East European Studies, University College London. He is the co-editor of Uneven Citizenship: Minorities and Migrants in the Post-Yugoslav Space (2015).