Основачи

ElenaЕлена Б. Ставревска е докторантка на политички науки и истражувачка во областа на мировни студии на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Нејзиното истражување се фокусира на (пост)конфликтни општества, конкретно на секојдневниот живот на микро ниво во ваквите општества. Има работено како научен соработник на Универзитетот во Торонто и на Институтот за европска политика во Берлин и како истражувачка и координаторка на дел од истражувачкиот проект „Култури на владеење и решавање на конфликти во Европа и Индија“, финансиран од Европската унија. Членка е на Левичарското движење „Солидарност“ и е една од основачките на Институтот за истражување и општествени иновации – Импакт.

Анастас2

Анастас Вангели е докторанд и истражувачки асистент на Полската академија на науки (ПАН) во Варшава. Претходно, Вангели има магистрирано на Програмата за изучување на национализмот на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (2009) и на Програмата за изучување на современа Кина на Кинескиот народен универзитет 中国人民大学 во Пекинг (2013). Работел во и соработувал со повеќе тинк-тенкови и истражувачки организации, а објавувал и презентирал во Европа, Азија и Северна Америка. Тој е автор на повеќе написи во академски и неакадемски списанија, монографија за политизацијата на античката историја, и е ко-уредник на книгата Кина и Европа во глобалната политика на 21от век: соработка, конкуренција или ко-еволуција? објавена од Cambridge Scholars Publishing во 2013. Негова пасија е кошарката – активно тренирал и работел како тренер со јуниори, и е ко-основач на maknba.net. Вангели во 2004 го започна општествено ангажираниот блог Вуна.

IMG_0137Љубица Спасковска e научен соработник на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија. Докторирала на истиот универзитет со дисертација на тема „Последната југословенска генерација – младински политики и култури во доцниот социјализам„. Магистрирала на Универзитетите во Сараево и Болоња (Европски Мастер по Демократија и човекови права), како и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (магистерски студии по централноевропска историја). Една година работела како истражувач на Универзитетот во Единбург, Велика Британија. Работи и како преведувач од француски и англиски јазик – од областа на литературниот превод до сега ги има преведено од француски: Човековата судбина од Андре Малро (Магор 2013), Можноста на еден остров од Мишел Уелбек (ТРИ 2007) и Една година од Жан Ешеноз (Темплум 2006).

GoranГоран Лазаревски моментално е на четврта година докторски студии по економија на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Неговата научно-истражувачка област на интерес се политичката економија, економијата на раст и развој и меѓународната трговија. Тој дипломираше физика и економија на Универзитетот Харвард во 2010. Има стекнато практично работно искуство во Кабинетот на Македонскиот министер за странски инвестиции, во Центарот за истражување и креирање политики, во КБ Прво Пензиско Друштво, и како надворешен консултант за Светската Банка. Тој е исто така поранешен инструктор по дебата во Младинскиот Образовен Форум и надворешен соработник во научно-истражувачкиот центар Петница во Ваљево, Србија. Зборува англиски, германски, португалски и француски јазик.

Еден коментар на “Основачи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *