Поддржувачи

Нашето виртуелно присуство ќе беше невозможно без несебичната помош и поддршка од:

Слободен софтвер Македонија – непрофитна организација која се занимава со слободен софтвер и слободна култура во Република Македонија. Слободен софтвер Македонија е посветена на промовирање на слободен софтвер и создавање на свест како за економскиот така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер, особено за земјите во развој, како што е и Република Македонија.

Небојша Гелевски – Бане – првиот човек на дизајн студиото Кома, една од водечките агенции за графички дизајн и печатење во Република Македонија. Тој практикува графички дизајн повеќе од 20 години. Бане е еден од основачите на студентското списание „Елфаско“ на Електротехничкиот факултет, каде што е дизајнер на првите 20 изданија. Страстен вљубеник е во фотографија и е графички активист.

Тамара Атанасоска – работи како Developer Care во webcrowd и ги поминува деновите помагајќи им на програмерите и на компаниите да го најдат совршениот спој. Тамара е Geekette и цврсто верува во важноста на разновидноста. Таа е вљубеник во слободен софтвер и е дел од неговата глобална заедница. Страстен поддржувач на граѓански активизам, таа успешно наоѓа начини за технологијата да биде во служба на општественото добро.

Гоце Митевски – независен мултидисциплинарен дизајнер од Скопје, Република Македонија, кој работи на различни проекти, од едноставни дизајни на икони до целосни WordPress веб страници. Како голем поддржувач на слободни и отворени технологии, Гоце има креирано дизајни за Mozilla, Canonical, Слободен софтвер Македонија и активно придонесува кон Mozilla и WordPress заедниците во Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *