Соработници

Ана Ацеска е истражувач на постдокторско ниво на Катедрата по социологија на Универзитетот Хумболт во Берлин, кадешто докторирала во 2013 година. Нејзините истражувања се однесуваат на прашања поврзани со идентитетот и просторот во поствоена Босна и Херцеговина. Има студирано и работено во Будимпешта, Берн, Мостар и Берлин.

Марија Башевска e докторанд на Економскиот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Таа е магистер по економски науки на Универзитетот Тор Вергата, Рим, Италија, а во моментот работи како асистент на Факултетот за економски науки на Универзитетот ФОН, Скопје.

Флоријан Бибер е политиколог кој работи на меѓуетнички односи, етнички конфликт и национализам, со фокус на Југоисточна Европа. Тој е професор по југоисточноевропски студии и директор на Центарот за студии на Југоисточна Европа при Универзитетот во Грац. Флоријан Бибер, меѓу другото, е и визитинг професор на Програмата за изучување на национализмот на Централноевропскиот универзитет.

Кјара Бонфиљоли моментално е Newfelpro постдокторски соработник на Центарот за културолошки и историски истражувања на социјализмот во Пула, Хрватска. Има завршено додипломски студии на политички науки на Универзитетот во Болоња, Италија, како и магистерски и докторски студии на Истражувачкиот институт за историја и култура, постдипломска програма за родови студии, на Универзитетот во Утрехт, Холандија. Од 2012 до 2014 година, таа беше научен соработник на Универзитетот во Единбург, Шкотска, Велика Британија, во рамките на CITSEE проектот (Европеизацијата на државјанство во земјите наследнички на поранешна Југославија). Таа има издадено бројни трудови во областа на женската и феминистичката историја во европски контекст, меѓу кои и во списанијата Feminist Review, Women’s Studies International Forum, Aspasia и Contemporary Southeastern Europe.

Ана Василева е феминистка и активистка за женски права, блогерка и активна членка на неформалната иницијатива „Бори се женски“. Таа е магистрантка по англиски јазик и книжевност, а работи како преведувачка и толкувачка. Ана активно се залага за подигнување на јавната свест во врска со родовите прашања и промовирање политики на солидарност и колективна одговорност.

Леонора Грчева е истражувач со докторат во полето на урбанизмот од Универзитетот IUAV во Венеција и се бави со студирање на политиките на урбанистичко планирање во Македонија. Има живеено и работено во Македонија, Италија и Белгија.

Александар Димитровски е на четврта година докторски студии по антропологија на Сасекс Универзитетот во Брајтон, Велика Британија. Има магистрирано антропологија во Сасекс и меѓународна дипломатија на Универзитетот на Малта. Моментално живее и работи помеѓу Брајтон и Барселона.

Борјан Ѓузелов е е политиколог и магистер по европски студии. Студирал во Македонија и Германија. За главно поле на научен и професионален интерес ги има демократизацијата на постсоцијалистичките општества и доброто владеење. Автор е на неколку трудови од областа на социјалниот капитал, неформалните практики и антикорупцијата.

Јорданка Ивановска е дипломиран политиколог. Има 15-годишно професионално искуство како новинар. Моментално работи во дневниот весник „Дневник“.

Горан Јанев е вонреден професор по социјална антропологија на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, Македонија на Институтот за социолошки, политички и правни истражувања. Тој има докторирано во областа на социјалната антропологија на Универзитетот во Оксфорд, а неодамна го заврши својот тригодишен постдокторски студиски престој на Институтот Макс Планк за проучување на верската и етничката разновидност во Готинген.

Бранимир Јовановиќ е економски истражувач чие поле на експертиза може лабаво да се дефинира како применета економија и економетрија. Темите кои го преокупираат во последно време се економската нееднаквост, сиромаштијата и фискалната политика. Има докторат по економија од Универзитетот во Рим „Тор Вергата“ и четиригодишно искуство како аналитичар во Народната Банка на Република Македонија.

Тања Милевска е независна македонско-белгиска новинарка и поранешен дописник за А1 во Брисел. Покрива европски прашања за новата македонска новинска агенција Мета и работи како новинар за Associated Press. Пишувала за повеќе светски медиуми, помеѓу кои и Huffington Post, EurActiv и La Libre Belgique.

Бесим Небуи по образование е економист. Повеќе години работи како програмски персонал и консултант за неколку меѓународни организации. Својот професионален ангажман во третиот сектор го комбинира со граѓански активизам. Моментално е повратник во Скопје.

Дијана Омерагиќ Апостолски моментално работи како асистент на Факултетот за архитектура при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Магистрирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филозофскиот факултет и е дипломиран инженер архитект од Архитектонскиот факултет во Скопје. Досегашното работно искуство го има стекнато во Македонија, Турција и Обединетите Емирати.

Трајче Панов е докторски истражувач на Европскиот универзитетски институт во Фиренца, Италија и професор по европски студии на Џејмс Медисон унивезитетот, кампус Фиренца. Во неговата докторска дисертација ги истражува причините зошто граѓаните престануваат да гласаат и начинот на кој промените во партиските идеологии влијаат на изборната демобилизација. Пред доаѓањето на ЕУИ каде исто така се стекна со диплома на магистер истражувач, Панов заврши магистерски студии по политички науки на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, Унгарија. Во 2013, беше на студиски престој на Факултетот за политика при Њујорк универзитетот. Панов има предавано повеќе различни предмети на Хејнрих Хеине универзитетот во Дизелдорф, Универзитетот во Фиренца, Монаш универзитетот – Прато центар и Центарот за истражување и креирање политики во Скопје. Неговите истражувачки интересите ги вклучуваат областите на изборен бихевиорализам, политички партии, европска интеграција, изборна економија и посткомунистичка политика.

Љупчо Петковски е постар истражувач во Македонскиот центар за европско образование. Дипломирал политички науки и меѓународни односи на Универзитетот на Љубљана. Магистрирал политички менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува демократизацијата, европската интеграција и теориите за интегрирањето, политиката за проширување на Европската унија, национализмот и екстремните политички движења како популизмот.

Миша Поповиќ е истражувач. Студирал политички науки во Скопје и теории на национализам во Лондон. Работи во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје како проектен координатор и истражувач во области поврзани со добро управување, демократизација и политичка култура.

Дарко Стојанов е историчар кој се занимава со истражување на големите миграции во доцната антика и раниот среден век, како и современите перцепции на минатото (особено историските митови и наставата по историја). Докторски студии завршил на Ecole Pratique des Hautes Etudes во Париз. Работи во Институтот за национална историја во Скопје, а воедно е и визитинг истражувач при Универзитетот во Грац и Њујорк универзитетот во Тирана. Член е на Центарот за истражување на национализмот и културата – Скопје.

Дане Талески докторираше на политички науки на Централноевропскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта. Неговите научни интереси се постконфликтна демократизација, трансформација на бунтовнички групи, политички партии, етнички односи, Југоисточна Европа и европеизација. Тој има магистрирано на европски студии на Универзитетот во Бон. Работел на политички науки при Правниот факултет во Скопје, бил извршен директор на два тинк-тенка и соработувал со повеќе меѓународни организации, истражувачки центри и универзитети. Неговиот последен труд “Regulating Party Politics in the Western Balkans: On the Legal Sources of Party System Development in Macedonia” (во ко-авторство со Fernando Casal Bértoa) ќе биде објавен во Democratization, а има и ко-уредено студија за мониторирање на регионалната соработка во Југоисточна Европа издадена од фондацијата Фридрих Еберт во Берлин, 2013 година. Освен тоа, има објавено повеќе трудови во научни списанија и поглавја во книги издадени во Англија, Германија и Австрија.

Александар Шопов е докторанд по историја на Универзитетот Харвард. Живее во Бостон, САД.

Мила Шопова магистрирала антропологија на New School for Social Research во Њујорк и културолошки студии на Freie Universität во Берлин. Живее и работи во Банкок како истражувач за меѓународни организации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *