Почнувајќи од 2008 година, нивото на државниот долг на Република Македонија како процент од бруто домашниот производ (БДП) е во постојан годишен пораст – од 20.5% во 2008 до сегашното ниво 39.3% (септември 2014). Вкупниот јавен долг, кој го вклучува и долгот на јавните претпријатија, во истиот период пораснува од 23% на 46.6% од БДП. Но и покрај овој пораст, Македонија и понатаму е една од најмалку задолжените земји во Европа, поточно трета најмалку задолжена. Дали Владата троши премногу? Има ли Република Македонија проблем со долгот?
Ова заседание донесува три аналитички осврти на оваа тема:
- Долгот уште долго ќе расте – Горан Лазаревски
- Раст на долгот во услови на намалена буџетска транспарентност и фискална дисциплина – Марија Башевска
- Јавниот долг во годините што следуваат – Бранимир Јовановиќ
фото: Макфакс