Љубица Спасковска

IMG_0137Љубица Спасковска e научен соработник на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија. Докторирала на истиот универзитет со дисертација на тема „Последната југословенска генерација – младински политики и култури во доцниот социјализам„. Магистрирала на Универзитетите во Сараево и Болоња (Европски Мастер по Демократија и човекови права), како и на Централневропскиот универзитет во Будимпешта (магистерски студии по централно-европска историја). Една година работела како истражувач на Универзитетот во Единбург, Велика Британија. Работи и како преведувач од француски и англиски јазик – од областа на литературниот превод до сега ги има преведено од француски: Човековата судбина од Андре Малро (Магор 2013), Можноста на еден остров од Мишел Уелбек (ТРИ 2007) и Една година од Жан Ешеноз (Темплум 2006).

Comments

comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *