Златко Димитриоски

Златко Димитриоски е дипломиран политиколог и од 2009 година работи како аналитичар во Граѓанска асоцијација МОСТ. Учествувал во набљудувањето на неколку изборни процеси во Република Македонија, при што ја набљудувал работата на Државната изборна комисија и го подготвувал финалниот извештај за набљудувањето на изборите. Како краткорочен набљудувач исто така бил дел од неколку меѓународни набљудувачки мисии спроведени од страна на ЕНЕМО (Европска мрежа на организации кои набљудуваат избори) и ОБСЕ/ОДИХР. Учествува(л) во работните групи за измена на изборното законодавство и проверка на избирачкиот список при Министерството за правда и Државната изборна комисија.

Comments

comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *