Горан Лазаревски

GoranГоран Лазаревски моментално е на четврта година докторски студии по економија на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Неговата научно-истражувачка област на интерес се политичката економија, економијата на раст и развој и меѓународната трговија. Тој дипломираше физика и економија на Универзитетот Харвард во 2010. Има стекнато практично работно искуство во Кабинетот на Македонскиот министер за странски инвестиции, во Центарот за истражување и креирање политики, во КБ Прво Пензиско Друштво, и како надворешен консултант за Светската Банка. Тој е исто така поранешен инструктор по дебата во Младинскиот Образовен Форум и надворешен соработник во научно-истражувачкиот центар Петница во Ваљево, Србија. Зборува англиски, германски, португалски и француски јазик.

Comments

comments