Бојан Маричиќ

Бојан Маричиќ дипломирал право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за потоа да магистрира европско право на Универзитетот на Амстердам. Своите втори магистерски студии на современи европски студии ги завршил на Универзитетскиот Колеџ во Лондон. Неговиот истражувачки интерес ги вклучува областите судство и темелни права, уставен и политички систем на Европската унија, вградување на правото на Европската унија во националниот правен поредок, Европската унија во мултилатералните односи, европеизација на политиките на државите кандидатки, политичката условеност во Европската унија, теории за европски интеграции и др. Тој е долгогодишен граѓански активист во повеќе организации, а од 2013 година е извршен директор на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).

Comments

comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *