Анастас Вангели

Анастас2Анастас Вангели е докторанд и истражувачки асистент на Полската академија на науки (ПАН) во Варшава. Претходно, Вангели има магистрирано на Програмата за изучување на национализмот на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (2009) и на Програмата за изучување на современа Кина на Кинескиот народен универзитет 中国人民大学 во Пекинг (2013). Работел во и соработувал со повеќе тинк-тенкови и истражувачки организации, а објавувал и презентирал во Европа, Азија и Северна Америка. Тој е автор на повеќе написи во академски и неакадемски списанија, монографија за политизацијата на античката историја, и е ко-уредник на книгата Кина и Европа во глобалната политика на 21от век: соработка, конкуренција или ко-еволуција? објавена од Cambridge Scholars Publishing во 2013. Негова пасија е кошарката – активно тренирал и работел како тренер со јуниори, и е ко-основач на maknba.net. Вангели во 2004 го започна општествено ангажираниот блог Вуна.

Comments

comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *